СБУ: Официјално не можеме да потврдиме ниту да негираме вмешаност во атентатот врз Прилепин

Руско и украинско знаме/ Фото: ЕПА

Службата за безбедност на Украина денеска соопшти дека не може ниту да потврди ниту да негира вмешаност во експлозијата на автомобил во која беше повреден рускиот писател Захар Прилепин или други напади.

„Официјално, не можеме ниту да потврдиме, ниту да негираме вмешаност во оваа или во други експлозии што се случуваат во просториите на окупаторите или нивните послушници, изјавија од СБУ за државната украинска новинска агенција Укринформ.

Рано утринава автомобилот со кој управувал Захар Прилепин бил разнесен на автопатот во Нижни Новгород, при што Прилепин се здобил со скршеници и потрес на мозокот, а неговиот возач загинал, пренесе РИА Новости.

Александар Пермјаков, уапсен по бомбашкиот напад на автомобилот на руски писател, признал дека дејствувал по наредба на украинските тајни служби, соопшти прес-службата на Рускиот истражен комитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот