Саутемптон ќе испрати понуда за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски

фото: instagram.com/aberdeenfc

На помалку од една недела до крајот на летниот преоден рок, нови информации велат дека Саутемптон кој сезонава настапува во Чешмпионшип е во потрага по нов напаѓач.

Според „Football Scotland“, поранешниот премиерлигаш Саутемптон ја следи ситуацијата со македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Доаѓајќи од унгарскиот МТК пред 13 месеци, нашиот играч во дебитантската сезона за шкотскиот Абердин имаше 18 голови, а и во новата сезона има одличен старт со три голови на последните три натпревари.

Во последните пет денови од преодниот рок Саутемптон подготвува понуда за Миовски.

Изворот вели дека Абердин нема намера да го продаде Македонецот за помалку од четири милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот