Саудиска Арабија: Само вакцинирани или со стекнат имунитет од ковид-19 на мал аџилак во Мека

Само луѓето кои биле вакцинирани или со стекнат имунитет од ковид-19 ќе можат да одат да вршат омра, мал аџилак во Мека за време на муслиманскиот месец на постот Рамазан, што почнува во средината на април, соопштија саудиските власти.

Министерството за аџилак објави дека „само на лицата имунизирани од коронавирусот” ќе им биде дозволено да вршат аџилак или молитви во Големата џамија во Мека на почетокот на Рамазан.

„Тие луѓе спаѓаат во три категории, оние кои примиле две дози вакцина, оние кои примиле само една доза 14 дена порано и оние кои биле излекувани од коронавирусот”, соопштија властите.

За време на Рамазан во Мека обично има голем број верници од Саудиска Арабија и други муслимански земји. Мал аџилак, или омра, може да се изведува во текот на целата година за разлика од аџилакот што е еднаш годишно.

Малиот аџилак беше прекинат во март 2020 година поради пандемијата, а на почетокот на октомври полека почна да се враќа со мерки на претпазливост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот