Сандра Булок во најпопуларниот капут на сезоната: Сите се вртеа по неа! (ФОТО)

профимедиа

Холивудската актерка го прошета капутот по кој збудалеа трендсетерките

Сандра Булок (55) е слика во релаксирано издание додека излегувала од едно кафуле каде купила кафе за носење.

Холивудската актерка за утринската прошетка облекла хеланки и обична маица во црна боја, додека овој лежерен аутфит го надополни со теди капут од миди крој во валкано бела боја.

Станува збор за најпопуларниот модел на капут во последните неколку години кој е толку удобен и шик што трендсетерките се луди по него.

профимедиа

Овој капут ќе ве заштити и од дожд бидејќи има капуљача, а она што е карактеристично се и предните големи џебови.

Стајлингот го заокружи со очила за сонце и ефектно ланче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот