Сандерс: Се гледаме наскоро во кампањата (ВИДЕО)

Американскиот претседателски кандидат Берни Сандерс, кој преживеа срцев удар пред неколку дена веднаш по пуштањето од болница во Лас Вегас испрати порака до гласачите.

– Сакам на сите да ви се заблагодарам на поддршката, љубовта и пораките со поддршка. Се гледаме наскоро во кампањата – рече Сандерс.

Американскиот сенатор (78) нагло ги откажа сите планирани настапи во кампањата во вторникот, откако почна да чувствува болка во градите и итно бил пренесен во болница каде му е оперирана блокирана срцева артерија и вградени му се два стента.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот