Сан Антонио го повлекува дресот на Тони Паркер

Челниците на Сан Антонио спарс објавија дека ќе го повлечат дресот со број 9 кој го носеше Французинот Тони Паркер кој пак летово замина во кошаркарска пензија.

Дресот на Паркер ќе биде повлечен на свечена церемонија на 11 ноември за време на натпреварот на Сан Антонио против Мемфис гризлис.
Тони Паркер ќе стане 10. кошаркар во историјата на петкратниот НБА шампион чиј дрес ќе биде повлечен од употреба, претходно „мамузите“ тоа го сторија и со Брус Боувен (12), Тим Данкан (21), Шон Елиот (32), Џорџ Гервин (44), Емануел Џинобили (20), Ејвори Џонсон (6), Џони Мур (00), Дејвид Робинсон (50), Џејмс Сајлас (13).

Тони Паркер во Сан Антонио пристигна во 2001 година откако беше избран како 28 избор на драфтот.  Французинот дури 17 години од вкупно 18 во кариерата, настапуваше за Сан Антонио спарс и притоа успеа да освои четири шампионски титули.

Во 2007 година беше прогласен за МВП на финалната серија со што стана првиот европски кошаркар во ова признание.  Исто така Паркер шест пати настапи и на ол стар натпреварите, а три пати е избран во најдобрата втора петорка на НБА Лигата и еднаш во третата петорка.

Тони Паркер е најдобар асистент во историјата на Сан Антонио со 6.829 асистенции, а на 1254 натпревари во НБА лигата, од кои 1.198 беа за „мамузите“ имаше просек од 15.5 поени, 5.6 асистенции и 2.7 скокови/.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот