Само две работи можат да го запрат Ѓоковиќ да не биде историски број 1

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Поранешниот светски тениски рекет број 1, Џим Куриер ја анализираше трката на големата тројка за епитетот најдобар тенисер во историјата.

Кога ги оценуваме најдобрите на сите времиња имаме тенденција да ги прецениме големите титули како грен слемовите. Неделите поминати на првото место на АТП, како и годините завршени на првото место исто така се многу важни за да можеме подобро да ја согледаме ситуација во оваа трка – изјави Куриер за „tennis.com“.
Според Американецот, најголеми шанси да заврши како најдобар има Новак Ѓоковиќ.
– Шесте години на Пит Сампрас на првото место е нешто нецеројатно. За тоа освен одлична игра потребна е физичка и ментална константност. Способноста на Новак Ѓоковиќ да го пронајде своето место играјќи со Федерер и Надал и подеднакво тешко како и шесте години на Сампрас на првото место на АТП. Мислам дека Ѓоковиќ може да биде број 1 уште долго време, доколку остане фокусиран и здрав. Постојат само две работи кои можат да со спречат во тоа, здравјето и Рафаел Надал – додава Куриер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот