Самата на себе си е најголема реклама: Емили Ратајковски позираше со својата колешка и повторно го освои вниманието на публиката (ФОТО)

Instagram

Емили Ратајковски (28) неодамна докажа дека самата на себе си е најдобра реклама. Манекенката лансираше нова колекција на долен веш со што се пофали и на социјалните мрежи.

Таа позираше со својата колешка Џамеа Лине и двете облекле само градник, танга и патики. Тие дури и снимиле видео, а нивното разголено издание го погледнале скоро 10 милиони луѓе.

Секако беа преплавени со коментари, а еден обожавател им препорачал: „Оваа објава ми се допаѓа повеќе отколку фотографиите на мојот сопруг“. Инаку, Ратајковски неодамна се најде во центарот на вниманието за време на премиерата на фимот „Uncut Gems“ во Лос Анџелес.

Иако беше облечена во црн фустан со кој покажа „премногу“, сите очи биле упатени кон нејзината рака на која пишувало „Fuck Harvey“, алудирајќи на сексуалниот предатор Харви Вајнстајн (67).

„Денес Харви Вајнстајн и неговото поранешно студио направија спогодба од 25 милиони долари со своите жртви. Вајнстајн е обвинет за делата кои се од сексуално вознемирување до силување, нема да мора да ја признае вината или да плати со сопствени пари“, напиша манекенката на друштвената мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот