Ратајковски провоцираше на премиерата на филмот: „Баталето го Харви!“ (ФОТО)

Instagram/Profimedia

Доколку некоја манекенка знае како да направи скандал за кој долго ќе се зборува, тогаш тоа е Емили Ратајковски (28). Манекенката на премиерата на филмот „Uncut Gems“ во Лос Анџелес, се појави во провокативно издание.

Instagram

Иако носеше отворен црн фустан на кој според повеќето покажуваше „премногу“, овој пар сите очи беа вперени во нејзината рака на која пишуваше „Баталете го Харви“, (Fuck Harvey) алудирајќи на сексуалниот предатор Харви Вајнстајн (67).

Profimedia

„Денес Харви Вајнстајн и неговото поранешно студио направија спогодба од 25 милиони долари со своите жртви. Вајнстајн е обвинет за делата кои се од сексуално вознемирување до силување, нема да мора да ја признае вината или да плати со сопствени пари“, напиша манекенката на друштвената мрежа.

Повеќе од 30 жртви кои наводно потклекнале под сексуалното вознемирување на холивудскиот моќник, наводно постигнале спогодба во износ од 25 милиони долари, која би ги завршила повеќето парници кои се водат против режисерот.

Profimedia

„New York Times“ известил дека во средата е направен договор кои ги вклучува наводните жртви на Вајнстајн во САД, Канада, Британија и Ирска.

Предлогот чека конечно одобрување од судот, а спогодбата ќе ја плати осигурителната куќа која го води стечајот на фирмата на Вајнстајн. Доколку се случи тоа, 30 жртви ќе го поделат наведениот износ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот