Самарџиќ пред заминување од Аталанта: Два клуба сакаат да го доведат српскиот репрезентативец
Лазар Самарџиќ би можел наскоро да ја напушти Аталанта, откако изразил незадоволство од малата минутажа што ја добива во клубот, пренесува познатиот новинар Фабрицио Романо.
Препорачано
Српскиот репрезентативец летово пристигна во Бергамо од Удинезе за сума од околу 15 милиони евра, но засега не е во прв план кај тренерот, што сериозно влијаело врз неговото расположение и желбата да ја промени средината.
Оваа ситуација внимателно ја следат неколку клуба, а најзаинтересирани се Фиорентина и Лацио, екипи кои и во минатото често ангажираа фудбалери од Балканот и во Самарџиќ гледаат идеално засилување за средниот ред.
Интерес покажува и Олимпик Марсеј, клуб против кој Самарџиќ веќе настапи оваа есен во Лигата на шампионите и дури постигна гол. Интересно е што францускиот тим се обиде да го доведе уште минатото лето, но тогаш трансферот не се реализираше.
Останува да се види како ќе се развива ситуацијата во наредните денови, особено со почетокот на зимскиот преоден рок, кога би можело да дојде до конкретни потези околу иднината на Самарџиќ.


