Салите и натаму се забранети, играчите на МЗТ тренираат на отворено! (ФОТО)

фото: фејсбук

Придржувајќи се кон сите препораки за социјално дистанцирање и заштита и дезинфекција, како средства за борба против болеста Ковид-19..

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска тестираа едно од неколкуте кошаркарски игралишта во општина Аеродром.

На истите се поставени нови мултифункционални подови со врвен квалитет, наменети за безбеден спорт и рекреација и кои се еколошки, без штетна емисија, рециклирачки, ергономски, со сертификати признати од ФИБА.

фото: фејсбук

Забраната за тренинзи сѐ уште не им дозволува на клубовите да се вратат во сала и да продолжат со работа, онаму каде што застанаа кога пред два месеци беше прекинато првенството поради пандемијата со коронавирусот.

Но, тоа не беше пречка играчите на МЗТ малку да поработат индивидуално и на отворено да се подружат со топката, но и помеѓу себе.

Секако, придржувајќи се кон сите препораки за социјално дистанцирање и заштита и дезинфекција, како средства за борба против болеста Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот