Сакал да го ограби домот на позната старлета, но по грешка „спасувал жива“ глава во куќата на НБА ѕвезда

epa08113394 San Antonio Spurs guard DeMar DeRozan (C) leaps while making a pass over defending Boston Celtics guard Kemba Walker (L) and Boston Celtics guard Jaylen Brown (R) during the second half of the NBA basketball game between the San Antonio Spurs at Boston Celtics at the TD Garden in Boston, Massachusetts, USA, 08 January 2020. EPA-EFE/CJ GUNTHER SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Демар Дерозан го бркал провалникот по својот дом.

Кошаркарот на Сан Антонио, Демар Дерозан бил мета на напад на провалник минатиот месец и тоа по грешка, потврди самиот кошаркар за магазинот „ТМЗ“.

Инцидентот се случил на 19. ноември кога непознат провалник влегол во неговиот дом, се качил на спратот каде што се наоѓаат собите на неговите деца. Едно од нив било во својата соба, а кошаркарот веднаш реагирал кога слушнал „шушкање“ во неговиот дом.

Набрзо се нашол очи во очи со провалникот кој почнал да бега низ домот на Дерозан кој го потврди инцидентот за „ТМЗ“.
– Се е во ред. Израснав во Калифорнија и сум видел и многу полоши работи – порача Дерозан.

Провалникот успеал да избега од гневниот НБА кошаркар, но многу брзо бил уапсен бидејќи се обидел да ограби уште една куќа во истиот реон. По апсењето, провалникот признал дека погрешил кога влегол во домот на Демар Дерозан. Тој истакнал дека негова мета бил домот на старлетата Кајли Џенер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот