САД: Трансродна личност бара „X” во пасошот во делот за пол

Девет американски сојузни држави поднесоа барање до Апелацискиот суд во Денвер за на трансродната личност Дани Зим да му се дозволи во пасошот да се изјасни со небинарен пол, односно со симболот „X” наместо машки или женски пол.

Државните обвинители на Калифорнија, Колорадо, Мејн, Минесота, Невада, Њу Џерзи, Орегон, Вермонт и Вашингтон оценуваат дека на Дани Зим не може да му се одбие барањето за издавање пасош. Таа трансродна личност се идентификува како небинарен пол, поради што поднесе тужба против државата, но судот во Денвер ја одби.

Американските сојузни држави кои го поднесоа барањето до судот наведуваат дека дозволуваат небинарни одредници за пол во личните документи и оти тоа не создава никакви компликации.

Меѓународната цивилна авијација, организација на Обединетите нации која поставува стандарди за меѓународни патни исправи, оценува дека пол во тие документи може да се обележува како машки, женски и „X” за неспецифични полови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот