САД собориле два дрона на Иран?

Командантот на американската централна команда генерал Кенет Мекензи изјави денеска дека САД најверојатно собориле два ирански дрона минатата недела во Ормускиот залив.

– Уверени сме дека соборивме еден дрон, а можеби сме го собориле и вториот.  Како и обично, во прашање е сложена тактичка ситуација, ние веруваме дека биле два дрона. Веруваме дека кај два дрона дејствувавме успешно, а можно е да имало и повеќе – изјави Мекензи за Си-Би-Ес њус.

Заменик министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи на 19 јули демантираше дека Иран изгубил беспилотно летало во Ормутскиот залив, по што САД соопштија дека брод на американската морнарица „уништил” ирански дрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот