САД со најмногу мртви од коронавирусот, во еден ден починаа 2.500 луѓе

Во американската сојузна држава Њујорк во последните 24 часа од коронавирусот починаа 606 лица.

Во САД вчера починаа речиси 2.500 луѓе, додека во светот досега поради коронавирусот животот го загубија над 140.000.

Најмногу заразени и мртви има во САД. Таму се заразени 644.000 лица, а од последиците на коронавирусот починаа над 30.000 луѓе.

Во американската сојузна држава Њујорк во последните 24 часа од коронавирусот починаа 606 лица. Бројот на хоспитализации падна од 18.000 на 17.000.

Во САД во последнава недела уште 5,24 милиони луше останаа без работа. Сега вкупниот број на отпуштени лица во САД од почетокот на кризата се искачи на 22 милиони.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот