САД: Лукашенкo продолжува да врши репресија врз народот, проширена листата со визни забрани

лукашенко
Александар Лукашенко \ фото EPA-EFE/BELARUSIAN PRESIDENT PRESS SERVICE /

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко продолжува да врши репресија врз сопствениот народ и да спроведува политички мотивирани судења на демократските активисти.

„Стејт департментот за да одговори на кршењето на човековите права ќе воведе 25 визни забрани поради вмешаност во уривање на демократијата. Политички мотивираните судења се најновите примери на обидите на режимот на Лукашенко да ги заплаши и угнетува оние кои бараат правда, почитување на човековите права и демократска Белорусија“, посочи Блинкен.

Тој наведе дека минатиот месец режимот во Белорусија ги осудил основачот на Фондацијата спортска солидарност, белоруската олимпијка Алаксандра Херасименија на 12 години затвор.

„Режимот, исто така, продолжува да го држи во заробеништво политичкиот затвореник, добитникот на Нобеловата награда Аљаш Бјалацки, кој го посвети својот живот на одбраната на човековите права и застапувањето за демократски промени во Белорусија“, посочи Блинкен.

Стејт департментот досега воведе забрана за издавање визи на 322 лица за кои смета дека ја поткопале демократијата во Белорусија од претседателските избори во 2020 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот