Фото: EPA / MARTIN DIVISEK

САД и Израел нападнаа ирански нуклеарен објект

САД и Израел утрово извршија напади врз иранскиот нуклеарен погон Натанз, објави иранската државна новинска агенција Тасним.

Според извештајот што го пренесува Ал Џазира, на локацијата по ударот не е пријавено истекување на радиоактивен материјал.

Исто така, нема опасност за жителите што живеат во близина на објектот.

Трамп повеќепати истакна дека еден од клучните цели на САД во иранската војна е искоренување на способноста на земјата да произведува нуклеарно оружје.

Трамп: Војната со Иран ќе заврши кога ќе почувствувам во коските

Постројката во Натанз и претходно беше погодена во напад за време на конфликтот.

Ова е еден од најголемите центри за збогатување ураниум во земјата и беше едно од местата што САД ги таргетираа во операцијата „Полноќен чекан“ во јуни минатата година.

Трамп по средбата со Нетанјаху: Јас сум за преговори со Иран, минатиот пат Техеран не сакаше договор, па го удри „Полноќен чекан“

МААЕ: Повик за воена воздржаност

По вестите за нападот на објектот за збогатување ураниум во централен Иран, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) повика на воздржаност по нападот на Израел и САД.

МААЕ објави соопштение на социјалната мрежа X, од нејзиниот генерален директор Рафаел Гроси. Во објавата се нагласува потребата од избегнување на какви било воени дејствија.

„Генералниот директор на МААЕ, Гроси, го повторува повикот за воена воздржаност за да се избегне каков било ризик од нуклеарна несреќа“, се вели во соопштението.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот