САД ги протерува кубанските дипломати – Претставувале РИЗИК за националната безбедност

фото Архива

Администрацијата на Трамп наредила протерување на два члена на делегацијата на Куба во Обединетите Нации од САД и го ограничила патувањето на останатите членови на мисијата на Менхетн, што предизвикало силни реакции во Хавана, пренесува Хина.

Во објавата пред само неколку дена од собирањето на светските лидери на годишниот собир на ОН, Стејт Департментот ги обвинил двата кубански дипломати дека пробале да изведат операција штетна за американската национална безбедност, но не ги појасниле обвинувањата, ниту ги објавиле нивните имиња.

– Денеска беше известено кубанското министерство за надворешни работи дека САД бара двата члена на кубанската мисија во ОН да си заминат од САД заради злоупотреба на привилегиите на престојот, изјавил портпаролот на Стејт Департментот, Морган Ортагус.

Тоа е заради нивниот обид да изведат операции против САД, додал тој.

Движењето ограничено во Менхетн

 

Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез ги отфрлил американските наводи како „неоправдани“. „Да се имплицира дека можеби извеле акции кои не се поврзани со нивниот дипломатски статус е вулгарна клевета“, објавил тој на Твитер.

„Протерување… има за цел да предизвика дипломатска спирала која би довела до затварање на билатералната амбасада, создавајќи конфликт меѓу двете земји“, додал тој.

Ортагус рекол дека движењето на останатите членови на кубанската делегација „во основа“ ќе биде ограничено на островот Менхетн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот