Рускоска: Олеснителна околност е што Мијалков сам се пријави во ЈО, го побарал тоа преку посредници

Искрено се радувам што обвинетиот Сашо Мијалков реши сам да се пријави, изјави вечерва обвинителката Вилма Рускоска, појаснувајќи дека тој, преку посредници, побарал да се пријави токму во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Обвинителката посочи дека најпрво се консултирала со јавниот обвинител на Република Северна Македонија дали да го прифатат или, сепак, да се пријави во полиција.

Јавниот обвинител рече дека може да се пријави и кај нас. Од кога е дојден до сега, Мијалков беше обезбедуван од истражителите кои се во Истражниот центар на ЈО за гонење организиран криминал и корупција, додаде Рускоска

Во однос на повлекувањето на жалбата за затворски, наместо куќен притвор, обвинителката рече дека тоа е сторено за да не се губи време.

– Мене колку што ми е познато, а тоа е од разговор со претседателот на Судот и тоа беше во претпладневните часови, самиот претседател замоли да биде повлечена жалбата затоа што и фактички решението до тогаш не беше спроведено. Нели сè уште не беше достапен обвинетиот Мијалков и да не се губи време да се поднесе нов предлог за определување мерка притвор, затоа што првото решение не беше спроведено. Потоа, колку што имам сознанија, разговарале и на таа тема со јавниот обвинител Љубомир Јовевски, истиот се согласил и така од тие причини тогаш е повлечена жалбата, рече Рускоска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот