Руски ракетен удар врз Запорожје, 60 илјади жители останаа без електрична енергија
Електричната енергија е прекината за околу 60.000 луѓе по рускиот напад во текот на ноќта врз украинскиот Запорожје, при што беа повредени две лица и уништени згради, изјави регионалниот гувернер, јави Ројтерс.
Препорачано
Како што се приближува зимата, Русија ги засилува нападите со ракети и беспилотни летала врз енергетската инфраструктура за да предизвика прекини во електричната енергија, што го тера Киев да се бори да ги санира штетите.
800 напади во последните 24 часа
„Екипите ќе ја вратат електричната енергија штом безбедносната ситуација ќе дозволи“, рече Иван Федоров, гувернер на Запорошката област.
Тој објави ноќни фотографии од згради со уништени фасади и прозорци на платформата за пораки Телеграм.
Руската артилерија, ракети и беспилотни летала речиси секојдневно ја напаѓаат Запорошката област. Многу домови се уништени, инфраструктурата е осакатена, а десетици луѓе се убиени додека Москва ја притиска украинската одбрана и ги прекинува комуникациите меѓу јужна Украина и остатокот од земјата.
Федоров истакна дека две лица се ранети во нападот синоќа. Тој додаде дека во последните 24 часа се регистрирани 800 напади врз 18 населени места во Запорошката област, при што загина едно лице, а тројца се ранети.


