Полиција Франција/ Фото fotononstop / Profimedia

Руски новинар пронајден мртов во Франција, паднал од седми кат на станбена зграда

Руски новинар во егзил е пронајден мртов откако паднал од прозорецот на својот дом на седмиот кат во Франција, пренесува Телеграф.

Извештаите велат дека 38-годишникот, Евгениј С., добил „смртни закани“ пред да биде пронајден мртов на периферијата на Париз во средата.

Според францускиот весник „Ле Паризиен“, мажот паднал од прозорецот на стан на улицата „Ру де ла Розери“ во Медон, југозападно од главниот град.

Според информациите од BFMTV, тој бил пронајден на улицата под неговиот стан, веројатно откако паднал од 7-ми кат од неговата зграда висока 20 метри. Бил однесен во болница, но починал кратко потоа.

Полицијата пронашла стол поставен пред прозорецот и писма напишани на руски јазик. Исто така, наводно пронашле лекови во канта во станот.

Цимерот на мажот, кој бил присутен на местото на настанот, бил во шок, а јазичната бариера го спречила веднаш да биде испрашан, објави весникот. Полицијата досега не можела да утврди дали тој бил сведок на падот.

Обвинителството во Нантер отвори истрага за околностите на неговата смрт.

38-годишникот, кој работел за рускиот новински сајт „Откритие Медиа“ до 2024 година, наводно изразувал самоубиствени мисли неколку дена. Непосредно пред неговата смрт, тој им испратил на семејството писмо за самоубиство.

Во белешката, според истите информации, новинарот навел дека бил жртва на широко распространет сајбер-хак, велејќи дека сите негови сметки биле хакнати, вклучувајќи ја и неговата сметка на Телеграм и неговиот мобилен телефон.

„Јас сум единствено одговорен за мојата смрт. Разбирам дека разочарав многу луѓе. Немам изговори, освен што не сакав никому да му наштетам“, продолжи рускиот новинар.

И заклучи: „Никогаш не работев за интересите на Русија и никогаш не бев вработен од никого“.

Според пријател кој го контактирал во недела, 4 јануари, три дена пред неговата смрт, неговата ментална состојба се влошила. „Тој не при себе. Изгледаше како да е во состојба на параноја“, рекол пријателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот