Руската апликација Телеграм се спаси од македонска блокада поради „Јавна соба“

profimedia
Социјални мрежи / Фото: Profimedia

Руската апликација Телеграм избегна да биде првата во Македонија што можеше да биде забранета за користење, откако е уважено барањето на македонскиот државен врв да се отстрани групата „Јавна соба“ на која се споделуваа недолични видеа, фотографии и лични податоци, најчесто од малолетнички од Македонија.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека групата „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“ е затворена, но апелираше на внимателност, бидејќи на Телеграм имало друга слична група.

– Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ме информираа дека групата „Јавна соба“ е затворена. Го поздравувам ваквиот чекор на платформата „Телеграм“ и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети, бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност, бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група. Сите што го кршат законот соодветно ќе одговараат, напиша Спасовски на Фејсбук.

Во групата која беше откриена пред два дена, повеќе од 5.000 члена, повторно коментираа и споделуваа повеќе или помалку експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, адреси и телефонски броеви од девојки, меѓу кои и малолетнички. МВР потврди дека групата е избришана од страна на Телеграм, а досега за случајот се приведени четири лица, двајца од Битола, еден велешанец и штипјанец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот