Русите празнат село заради лансирање на нов луноход
Селаните од селото Шахтински во регионот Хабаровск на рускиот далечен исток ќе бидат евакуирани заради лансирањето на „луна 25“, првиот руски луноход по 1976 година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Лендерот ќе биде лансиран на 11 август од космодромот „Васточни“, 5.550 километри источно од Москва. Утрото селото ќе биде испразнето, зашто во регионот треба да паднат носечките ракети „сојуз 2“ по одвојувањето на модулот со лендерот.
– Во регионот во кој се очекува да паднат ракетите се устијата на реките Умалта, Усамах, Лепикан, Тастах и Саганар, како и фериботската линија на реката Буреја. Сите жители од Шахтински ќе бидат евакуирани – објави обласниот управник Алексеј Маслов.
Луноходот „луна 25“ треба да се спушти на Месечината близу нејзиниот јужен пол. Целта на мисијата е да се тестираат новите технологии за „меко спуштање“, како и да се истражи составот на површината, особено дали има траги од вода. Луноходот има оперативен век од една година.
Мисијата „луна 24“ беше спроведена уште во времето на Советскиот Сојуз пред 47 години. Роботизираното летало се спушти во Маре Крисиум, копаше по површината и на Земјата врати примероци со маса од 170 грама. Анализа покажа дека примероците содржеле 0,1 отсто вода.


