Русија: Уапсен новинар, произведувал и продавал дрога (ВИДЕО)

Фото: Принтксрин

Како што информираат руските медиуми, рускиот истражувачки новинар Иван Голунов, дописник за порталот „Медуза“стациониран во Латвија, е уапсен во Москва поради сомнение дека продавал дрога.

36-годишниот новинар се сомничи за неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги. Според полицијата, кај Голунов биле пронајдени четири грама синтетичка дрога мефедрон.

Неговиот адвокат тврди дека бил претепан додека бил во притвор и дека дрогата му е подметната, но властите го негираат тоа, објави ББЦ. Од „Медуза“ излегоа со изјава дека „е приведен поради неговата новинарска активност”.

https://twitter.com/BreakingMash/status/1137042993343545344

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот