РУСИЈА ПОВТОРНО НА УДАР: САД воведе нов пакет санкции - Слободен печат
ВестиПланета

РУСИЈА ПОВТОРНО НА УДАР: САД воведе нов пакет санкции

Томсон додаде дека оваа одлука е дел од пошироката „руска стратегија", одговарајќи на прашање од сенатор „зошто санкциите досега не се воведени".

САД подготвија втор пакет санкции кон Русијa поради труењето на Скрипал

САД подготвија втор пакет санкции во врска со хемискиот напад во Солсбери и случајот „Скрипал”, и текстот е испратен кај државниот секретар и претседателот, изјави заменик државниот секретар Андреа Томсон на сослушување во американскиот Сенат.

– Направивме анализи за тие санкции, ги подготвивме и ги испративме кај државниот секретар и претседателот, изјави таа пред сенатскиот Комитет за надворешни работи.

Томсон додаде дека оваа одлука е дел од пошироката „руска стратегија”, одговарајќи на прашање од сенатор „зошто санкциите досега не се воведени”.

Во рамките на исполнување на Законот за контрола на хемиско и биолошко оружје од 1991 година, лани во август САД воведоа санкции кон Русија поради случајот со хемискиот напад врз поранешниот агент во руското воено разузнавање Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Нападот се случи лани на 4 март во градот Солсбери, Велика Британија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close