Размена на руски и украински воени заробеници/Фото: EPA-EFE/STRINGER

Русија и Украина ќе разменат по 500 воени заробеници

Русија и Украина разменија по 200 воени заробеници од секоја страна денеска и ќе разменат уште 300 утре, соопшти Москва, по постигнатиот договор на неодамнешните разговори во Женева, пренесува Ројтерс.

Двете страни периодично разменуваа воени заробеници и ги враќаа телата на војниците – најновиот таков потег беше минатата недела – и покрај недостатокот на напредок кон мировен договор за ставање крај на нивната четиригодишна војна.

„Во рамките на договорите постигнати во Женева, размена на заробеници со Украина ќе се одржи на 5 и 6 март, 500 за 500“, напиша рускиот преговарач и советник на Кремљ, Владимир Медински, на Телеграм.

Малку порано, руското Министерство за одбрана објави, според агенцијата ТАСС, дека 200 руски воени заробеници се разменети денес за ист број украински војници што ги држи Москва.

Во соопштението, руската дипломатија наведува дека втората рунда од размената, во која ќе учествуваат по 300 затвореници од секоја страна, ќе се одржи утре.

Според истиот извор, оваа размена е резултат на „сложен процес на преговори“ со посредство на Обединетите Арапски Емирати и САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот