Русија договори производство на вакцината „Спутник V“ во четири членки на ЕУ

Спутник В / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Русија соопшти дека постигнала договори за производство на вакцината „Спутник V“ со компании од Италија, од Шпанија, од Германија и од Франција и изрази очекување дека вакцината ќе биде одобрена за употреба во Европската Унија (ЕУ).

– Во тек се и други разговори за зголемување на производството во ЕУ. Тоа ќе овозможи снабдување на единствениот европски пазар со „Спутник V“ што ќе биде одобрена од Европската агенција за лекови, се наведува во соопштението на директорот на рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитриев.

Официјален РДИФ, „кој го финансираше развојот на „Спутник V“, не наведе со кои европоски компании се постигнати договорите.

Вакцината „Спутник V“ сè уште не е одобрена во Европската Унија, но таа се тестира во моментот. Руските власти изразија подготвеност да обезбедат дози од вакцината за 50 милиони Европјани до месец јуни.

Дмитриев нагласи дека Русија, исто така, е подготвена да почне со „снабдување на земјите на ЕУ кои ќе ја одобрат „Спутник V“ независно од ЕМА, како што е случај со Унгарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот