Ротвајлер руши стереотипи: Женка ротвајлер лула јагне, видеото е преслатко

Ротвајлер
Ротвајлер / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ротвајлерите се познати по својата сила и бестрашност. Тие се исто така приврзани и лојални, а едно видео кое неодамна се појави на социјалната мрежа „Инстаграм“ покажува дека тие исто така можат да бидат многу нежни.

На видеото објавено на профилот „dog“ се гледа кучката Коко, женка ротвајлер, која стои зад лулашка. На лулашката е поставено едно јагне, очигледно нејзина играчка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @DOG (@dog)

Коко најпрво се мотка пред и под лулашката, а потоа конечно ја зграпчува со забите и ја лула својата кадифена пријателка.

„Луѓето: „Ротвајлерите се толку агресивни“. Коко: *турка јагне на лулашка“, стои во описот на видеото на кое ротвајлерот го крши стреотипот за оваа раса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот