Романо: Пандев нема да се пензионира, наскоро нов договор со Џенова

пандев
Горан Пандев жали што Илија Несторовски не е во составот за мечот со Италија/Фото: ФФМ

И денеска доаѓа нова најава дека македонскиот фудбалер нема намера ова лето да ја заврши фудбалската кариера, туку и следната сезона ќе биде активен на терените.

Во изминатиот период по завршувањето на Европското првенство италијанските медиуми неколку пати шпекулираа дека Горан Пандев се очекува да потпише нов договор.

Ова сега го тврди и експерот за трансфери, Фабрицио Романо кој на својот Твитер профил објави дека нашиот напаѓач ќе остане во Џенова до јуни 2022 година.

– Горан Пандев одлучи да продолжи да игра фудбал. Тој НЕМА да се пензионира и тој ќе се сретне со првите луѓе на Џенова во следните денови да потпише нов договор до јуни 2022. Пандев сака да го напушти фудбалот уживајќи уште една сезона со навивачи на стадионот – напиша Романо.

Како што е веќе познато Пандев на Европското првенство ја заврши репрезентативната кариера, лани успеа со клубот да обезбеди опстанок во Серија А каде што се надеваме дека и во сезоната 2021/2022 ќе уживаме во нови голови на Македонецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот