Романија ги забрани платнените маски, казни и до 500 евра

Според новите правила во Романија, платнените маски се забранети, Фото: pixabay

Во Романија стапија на сила построги правила поради зголемениот број случаи на коронавирус, кои вклучуваат обврска за носење хируршки или ФФП2 маски во затворени и отворени јавни простори.

Според новите правила, платнените маски се забранети. За оние кои ќе ги прекршат правилата, воведени се казни до 500 евра.

Носењето хируршки маски или маски ФФП2 сега е задолжително за сите Романци над пет години, и внатре и на отворено.

Исто така, одлучено е баровите и рестораните да работат со капацитет од 50 или 30 отсто во зависност од стапката на зараза во нивната област, но дека ќе можат да примаат гости само со пропусници за Ковид. Истите правила важат за спортските објекти, теретантеи и кината.

Романија регистрираше помалку од 1.000 нови случаи на коронавирус во средината на декември, но бројот на заразени се искачи на околу 6.000 дневно во текот на изминатата недела. Скокот веројатно дојде како резултат на празничната сезона, кога многу Романци кои работат на Запад се враќаа дома.

„Земјата е веќе во петтиот бран на пандемијата”, рече министерот за здравство Александру Рафила.

Досега во Романија се регистрирани 300 случаи на варијантата Омикрон, а Рафила рече дека „засега има спорадично пренесување”.

Оваа земја во моментов е втората најслабо вакцинирана земја-членка на ЕУ, во која само 40 проценти од нејзиното население се вакцинирани.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот