профимедиа

Родителите на Бред Пит ја запознаа новата снашка (ФОТО)

Актерот Бред Пит ја запознал својата девојка Алија Шокат со родителите, пишуваат американските таблоиди.

Магазинот „Woman’s Day“ потврди дека згодниот актер се одлучил својата „пријателка“ да ја запознае со своите родители.

профимедиа

„Родителите на Бред се многу конзервативни луѓе, па така тој со овој негов потег многу ризикуваше. Тој во домот им донесе девојка за која тие не знаат ништо. Сепак таа многу им се допаднала. Таа е фина, смирена, цврсто стои на земјата и воопшто не е залудена од славата на Бред. Токму таква жена му е потребна по катастрофалниот брачен бродолом со Анџелина Џоли“, изјавил изворот за овој магазин.

профимедиа

Како што пишувавме неодамна Пит и Алија се забележани заедно на една уметничка галерија. Таблоидите од тој момент почнаа да шпекулираат за нивната љубовна врска. Двајцата негираа дека се заљубени и дека се само пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот