Родител на бременото 11-годишно девојче барал помош на СОС телефонот на „Меѓаши“

бременост

Родителот барал анонимност и не бил подготвен да го обелодени името на училиштето во кое одело девојчето, па затоа „Меѓаши“ го советувале веднаш да го пријави случајот во Центарот за социјална работа.

Едниот родител на 11-годишното девојче од Кочани кое е бремено во шестиот месец, уште во средината на јануари пријавил на СОС телефонот за деца и млади при „Меѓаши“ за состојбата на девојчето барајќи помош.

Првата детска амбасада во светот ќе достави допис до Центарот за социјални работи во Кочани за да се информира какви мерки ќе се преземаат понатаму за да се обезбеди сигурност и заштита на девојчето.

Родителот барал анонимност и не бил подготвен да го обелодени името на училиштето во кое одело девојчето, па затоа „Меѓаши“ го советувале веднаш да го пријави случајот во Центарот за социјална работа.

-Оттогаш немавме дополнителна информација од родителот, зашто сакаше да остане анонимен и не остави број за контакт и со обзнанувањето на овој случај во медиумите дознаваме за текот на настаните. Гледаме дека нашиот совет бил земен предвид, пријавен е случајот во ЦСР Кочани, и дека девојчето е згрижено, а постапено е и од страна на МВР – велат од „Меѓаши“ за „Слободен печат“.

Оттаму додаваат дека искуството од СОС телефонот за деца и млади, кој континуирано функционира 27 години, упатува на заклучокот дека системот затајува со години, но за жал, само кога екстремни случаи излегуваат во јавноста, се присетуваме дека системот ни затајува.

Постои Протокол за постапување во процесот на превенција и заштита на децата од секаква злоупотреба, вклучително и сексуална, подготвена од меѓуресорска работна група предводена од Министерството за труд и социјална политика. Протоколот не само што ги опишува индикаторите во однесувањето и на децата и на возрасните како да се препознаат различните злоупотреби туку и ја пропишува постапката за постапување – од откривање до пријавување, во детали.

На силувачот што го забремени 11-годишното девојче од Кочани, му се заканува затвор од 12 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот