Роби Вилијамс по три недели карантин стигна дома, децата потрчаа да го гушнат (ВИДЕО)

Instagram

Роби Вилијамс помина три недели во карантин, бидејќи поради престојувањето во Австралија мораше да ги испочитува мерките за претпазливост поради коронавирусот.

Тестовите покажале дека пејачот нема коронавирус.

Трогателната снимка по неговото враќање дома и средбата со децата ја објави неговата сопруга Ајда на Инстаграм.

„Повторно заедно по три недели! Толку сме среќни што тато е пак дома по одвојувањето поради карантинот! Конечно заедно“, напиша Ајда.

На снимката децата на Роби трчаат кон него кога ќе видат дека приоѓа кон куќата и кога ќе сфатат дека е тој.

„Тато, толку ни недостасуваше“, викаат децата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот