Роберт Де Ниро потвторно ЖЕСТОКО го критикуваше Трамп, потоа почна да ПЦУЕ: „Тој не би смеел да биде претседател“

Фото: Профимедиа

Холивудската ѕвезда Роберт Де Ниро повторно жестоко го критикуваше актуелниот преседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп и во емисијата “Reliable Sources” на Си-Ен-Ен наведе дека неговото отповикување мора да се случи.

– Мора да се случи. Не може да се заобиколи. Тој тип направи сѐ можно, направи полоши работи од што можев и да си замислам. На денот кога беше избран реков дека ќе му дадам шанса – истакна Де Ниро.

Глумецот потенцираше дека помислува дека актуелниот американски претседател, според неговите зборови, можеби е луд.

– Дел од него едноставно е луд. Можеби и медицински луд, почнува да ми изгледа дека е така. Тој не би смеел да биде претседател – вели Де Ниро.

За крај холивудскиот глумец им одговори на луѓето од телевизијата Фокс кои го критикуваа поради тоа што на еден настап изјави: „Е*и го Трамп“.

– Е*и ги и нив, е*и ги – повторуваше Де Ниро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот