Ри­жо­то со тиква (РЕЦЕПТ)

Фото: Профимедиа

Сос­тојки:

500 гр ориз

2 гла­ви­ци кро­мид

4 чеш­ни­ња лук

500 гр тиква

300 гр пи­ре од тиква

300 гр ис­чис­те­ни сем­ки од тиква

2 ла­жи­ци мас­ли­но­во масло

сол

ме­шан сув за­чин

би­бер

900 мл вре­ла вода

Под­го­товка:

Во та­ва на оган ста­ве­те го сит­но исеч­ка­ни­от кро­мид да се проп­ржи. По­тоа во не­го до­дај­те го ис­чис­те­ни­от и из­ми­ен ориз и пр­же­те го око­лу 10 ми­нути. По­тоа ис­ту­ре­те ја вре­ла­та вода. Ме­шај­те и пред са­ми­от крај до­дај­те го пи­ре­то од тиквата, сит­но сеч­ка­ни­от лук и за­чи­нете. Ри­жо­то­то ме­шај­те го пов­ре­ме­но за да не за­гори.

От­ка­ко ри­жо­то­то ќе би­де го­тово, тр­гне­те го од оган и поч­не­те со под­го­тов­ка на ос­та­то­кот од тиквата, кој прет­ход­но сте го исеч­ка­ле на коцки.

Ва­ка под­гот­ве­на­та тиква крат­ко проп­р­же­те ја на мас­ли­но­во масло, за­чи­не­те ја по ва­ша жел­ба и до­дај­те ѝ ги сем­ки­те од тиква.

Сер­ви­рај­те го ри­жо­то­то во чи­нија, а врз не­го ис­ту­ре­те ја под­гот­ве­на­та сеч­ка­на тиква.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот