Ристовски асистираше во триумфот на Спортинг Лисабон (ВИДЕО)

фото: твитер

Денеска во рамките од најсилното португалско првенство екипата на Спортинг Лисабон ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Санта Клара (0:4).

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го одигра целиот меч за Спортинг, а воедно и придонесе во триумфот со асистенција.

Поточно, во 47. минута во казнетиот простор на домаќините убаво го пронајде бразилскиот интернационалец Фелипе за зголемување на водството од 2:0.

На табелата после осмата победа сезонава клубот од Лисабон е на третото место со 26 бодови, 13 помалку зад водечката Бенфика.

Тоа беше последен меч годинава во шампионатот за тимот на Силас, а во наредното 15. коло Спортинг го очекува многу потежок противник, на 5. јануари пред своите навивачи ќе ги одмери силите против второпласираниот Порто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот