Ресенчанец уапсен откако нападнал општински службеник

Фото: Сител

63-годишен жител на Ресен вчера нападнал вработен во општинскиот сектор за урбанизам, по што е уапсен, соопшти МВР.

„На 06.06.2023 во Ресен, полицајци од ОВР Ресен го уапсиле И.М.(63) од Ресен затоа што во зградата на општина Ресен физички нападнал вработен во Одделението за урбанизам во општина Ресен“, се вели во полициското соопштение.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот