Ресенчанец со американски пасош доби кривична за палење на стрниште во Крани

Шумски пожар/Фото: МИА

Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија  за криминалистички работи Ресен до Основното јавно обвинителство Ресен поднесе кривична пријава против М.С.(68) од САД, со привремен престој во с.Крани, ресенско, поради постоење  на основи на сомнение за сторено кривично дело  „предизвикување на општа опасност”   казниво по член 288 од Кривичниот законик.

Пријавениот, на 19.07.2022 во неговата нива на место викано „Барик” во атарот на с.Крани го запалил стрништето, при што пожарот се проширил и зафатил сува трева и овоштарници во соседните ниви. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ресен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот