Репрезентативецот со тешка повреда, заврши сезоната за Војдан Стојановски!

фото: fiba.basketball

Лоша вест доаѓа од Франција, една од оние кои делуваат застрашувачки, а се однесува на нашиот репрезентативец Војдан Стојановски. Информациите велат дека капитенот на македонската национална селекција ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото.

На еден од последните тренинзи пред денешниот меч со Стразбур, предводникот на „црвено-жолтите“ ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото.

Заработи една од најтешките повреди во спортот, која ќе го одвои од кошаркарскиот терен на подолг временски период од најмалку шест месеци.

– Се случи во оние моменти кога најмалку очекуваш, односно кој не може да се повреди. Почувствував како левото колено „излезе“ од некоја нормална положба. Знаев дека нешто не е во ред, и како што треба. Лекарскиот тим веднаш организираше снимање со кое беше потврдено кинење на предниот вкрстен лигамент на коленото. Тоа е животот, ако ништо друго ќе земам одмор, макар и ваков, кој ми беше потребен. Се надевам дека во наредните денови менаџментот на клубот ќе ја организира операцијата. Сакам да го решам тоа што е можно побрзо. Да влезам во процес на рехабилитација, и да се вратам посилен од било кога – потврдува нашиот капитен за тешката повреда.

Тоа е силен удар и за нашиот национален тим, кој во текот на летото, поточно во август го чекаат натпреварите од втората фаза на претквалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2023 година, а потоа и стартот на квалификациите за ЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот