Ренова, Шкендија и Силекс со нови мечеви во Лига Европа

фото: facebook.com/kfrenova

Македонските фудбалски претставници се пред нов предизвик на меѓународната сцена, во овој случај денеска ќе се обидат да стигнат до третото квалификациско коло на Лига Европа.

Од 15.30 часот на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје екипата на Ренова која претходно во Ерменија го елиминираше Алашкерт (0:1), сега ќе се обиде да направи уште едно изненадување, пред себе го има еден од најпознатите клубови во Хрватска, Хајдук.

Летово составот од Сплит го засили нашиот играч Јани Атанасов кој многу добро го знае теренот во кој има настапи за У21 македонската селекција.

Потоа, Шкендија од 17.45 часот во Романија ќе се соочи против Ботошани (моментно второпласиран во тамошниот шампионат) во чии редови настапуваат Стефан Ашковски и Давид Бабунски.

View this post on Instagram

?? Europa League ? ? Botoșani (A)

A post shared by Shkëndija Football Club (@fcshkendija) on

Играчите на тренерот Ернест Ѓока во претходната рунда во Азербејџан беа подобри од Сумгајит (0:2), го анализираа следниот ривал и најавуваат максимална борба за пласман во наредното коло.

– Нема да ни биде лесно, мислам дека онаа екипа која ќе направи помалку грешки на натпреварот, на крајот ќе триумфира – вели тренерот на Шкендија, Ѓока.

Силекс кој беше поразен во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите од азербејџанскиот Карабах на гостински терен (4:0), автоматски се најде во 2. квалификациско коло на ЛЕ.

Клубот од Кратово од 20.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се обиде да дојде до победа против косовската екипа на Дрита која е предводена од тренерот Ардиан Нухиу, а во составот се наоѓаат уште дефанзивецот Ардиан Цуцули и новото засилување кое дојде од Вардар, Владица Брдаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот