Реми за „Пандевци“ и Македонија ЃП

фото: Академија Пандев

Екипите на Академија Пандев и Македонија ЃП ремизираа на контролните натпревари пред настапот во Европа.

Победникот во Купот, Македонија ЃП одигра 1:1 со екипата на Локомотив Пловдив.  Бугарите поведоа уште во третата минута преку Илиев, но Македонија ЃП успеа да израмни во второто полувреме преку Паду во 57 минута.

Академија Пандев оствари идентичен резултат (1:1) во контролниот натпревар против романскиот тим Клинчени.  Голот за „Пандевци“ беше дело на Мишов.

Македонија ЃП во првото коло од квалификациите игра против ерменскиот Алашкерт, додека Академија Пандев за противник го има Зрињски од БиХ. Првите натревари се играат на 11 јули, додека реваншот е закажан седум дена подоцна.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот