РЕКОРДЕН БРОЈ ЗАБОЛЕНИ: Флорида потврди 11.458 новозаразени со коронавирусот

Мајами, Флорида, САД / / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA

Американската држава Флорида потврди рекордни 11.458 нови случаи на инфекција со коронавирусот, соопштија локалните здравствени власти.

Ова е вторпат за три дена бројот на новозарезени да надмине 10.000 на дневно ниво.

Новиот рекорд е забележан еден ден откако седум други држави пријавија рекорден број на новозаразени.

Како последица на коронавирусот, во САД досега починаа 130.000 лица.

Голем раст на заболени е регистриран во Северна Каролина, Јужна Каролина, Тенеси, Алјаска, Мизури, Ајдахо и Алабама.

Бројот на новозаразени во САД на дневно ниво, доцна синоќа, изнесуваше 53.483.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот