Рекорден број на новозаразени од коронавирус во Русија

Фото: МИА

Во Русија денеска се потврдени 2.588 нови случаи на коронавирус, најмногу во еден ден, со што вкупниот број на заразени се искачи на 18.328.

За 24 часа починаа уште 18 лица, со што вкупниот број на жртви во земјата изнесува 148.

Од коронавирусот излечени се 1.470 пациенти, а случаи на коронавирус се регистрирани во 82  региони, додека најмногу од нив се во Москва, преку 11.500.

„Ситуацијата во Москва и Санкт Петерсбург, но особено во Москва, е навистина тензична поради тоа што бројот на заразени лица континурано расте“, изјави портпаролот на Кремлин, Дмитри Песков во интервју за државната телевизија.

„Има огромен прилив на нови пациенти. Воочуваме дека болниците во Москва работат во екстремна, интензивна, херојска атмосфера“, истакна Песков.

Деновиве се појавија и голем број снимки на кои се гледаат километарски редици од амбулантни возила кои чекаат и до 15 часа за ги остават пациентите во болниците во Москва. 

Тензично во Русија: Километарски редици од амбулантни возила кои чекаат за влез во болниците во Москва (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот