Тензично во Русија: Километарски редици од амбулантни возила кои чекаат за влез во болниците во Москва (ВИДЕО)

Огромниот прилив на пациенти со коронавирус започна да ги напрега во болниците во Москва, додека бројот на починати од вирусот во Русија се искачи на повеќе од 100.

Најпознатиот плоштад во Москва е празен по засилените рестриктивни мерки за движење / 06 април 2020, Москва, Русија / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Москва и другите региони во Русија се под рестрикции околу две недели, но болниците во главниот град веќе ги пополнија своите капацитети.

Во петокот, голем број амбулантни возила се редеа пред болницата која лекува пациенти со коронавирус во предградие на Москва, чекајќи да ги остават пациентите, пишува Гардијан.

Возач на амбулантно возило сведочи дека чекал околу 15 часа пред болницата за да го остави пациентот кој требало да биде хоспитализиран.

Истата ситуација е забележана и вчеравечер:

„Ситуацијата во Москва и Санкт Петерсбург, но особено во Москва, е навистина тензична поради тоа што бројот на заразени лица континурано расте“, изјави портпаролот на Кремлин, Дмитри Песков во интервју за државната телевизија.

„Има огромен прилив на нови пациенти. Воочуваме дека болниците во Москва работат во екстремна, интензивна, херојска атмосфера“, истакна Песков.

Видата на твитер од редици со амбулантни возила се се’ почести и од различни локации:

Центарот за справување со кризи во Русија соопшти дека болниците ги преземаат сите возможни мерки за да овозможат брз прием и дека во случајот со возилата кои чекаа со часови не станувало збор за системски проблем.

Русија досега пријави 13.584 случаи на Ковид-19, а во саботата властите потврдија дека 12. нови смртни случаи ја зголемија бројката на 106 починати од вирусот.

Песков додаде дека се ќе стане појасно за неколку недели бидејќи државата се приближува до пикот на епидемијата.

Лице со заштитна опрема кое работи како доставувач пешачи на празна улица во центарот на Москва / 11 април 2020, Москва, Русија / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Сергеј Собјанин, градоначалникот на Москва во петокот рече дека главниот град е далеку од врвот на епидемијата, истакнувајќи дека е во рана фаза. Следниот ден, Собјанин ги претстави дигиталните дозволи за излегување за да може полесно да го контролира движењето во градот.

Градоначалникот на главниот град истакна дека овие дозволи ќе содржат код кој ќе го идентификува сопственикот и само така ќе може да се користи превозни средства, како автомобил, мотор, скутер, такси или јавен превоз. Тој ги информираше граѓаните дека задолжително е да ги имаат личните документи со себе бидејќи полицијата патролира насекаде.

„За жал, ова е есенцијално“, напиша Собјанин на неговиот вебсајт: „Потребно е за да ги заштитиме нашите животи и здравјето на многу жители на Москва, за да го пребродиме ова и да се вратиме на нормалното секојдневие“.

Припадници на руската полиција патролираат во центарот на градот / 11 април 2020 / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Деновиве е забележано и зголемено полициско присуство на улиците низ Москва.

На почетоците од пандемијата, Русија регистрираше далеку помал број на регистрирани пациенти со Ковид-19 за разлика од другите западни држави. До крајот на март, властите кажуваа дека ситуацијата е под контрола и дека нема епидемија во Русија, но на почетокот од месец април, бројот нагло се зголеми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот