Реконструирана улицата „Александар Урдаревски” во Бутел

Од Град Скопје информираа дека на тој потег од улицата, целосно е отстранет стариот и оштетен асфалт од коловозот и е поставен нов асфалтен слој.

Со ноќно бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација, викендов заврши реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски” во општина Бутел, на потегот од кружниот тек на улицата „Боца Иванова” до крстосницата со улица „Бутелска”, во должина од околу 800 метри, соопштија од Град Скопје.

Од Град Скопје информираа дека на тој потег од улицата, целосно е отстранет стариот и оштетен асфалт од коловозот и е поставен нов асфалтен слој. Претходно беше изведена комплетно нова атмосферска канализација и другите подземни инсталации.

– Оваа фреквентна улица во Бутел е една од најважните сообрајници за граѓаните од таа општина, кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат по овој дел од улицата „Александар Урдаревски”. Реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски” е една од низата коишто се реализираат во овој период во насока на обезбедување побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во нашиот град, а градежната офанзива за изградба и реконструкција на градските сообраќајници со иста динамика ќе продолжи и во наредниот период во сите скопски општини, истакнаа од Град Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот