Ре­дов­но­то сле­де­ње на бо­ја­та на ва­ша­та ури­на мо­же да ви го спа­си жи­во­тот

Од бо­ја­та и од ми­ри­сот на ури­ната, се­кој од нас мо­же мно­гу да до­знае за соп­стве­но­то здравје. За­тоа, док­то­ри­те со­ве­ту­ваат, пред да ја пуш­ти­те во­да­та од ка­зан­че­то на ва­ша­та веце-школ­ка препо­рач­ли­во е да „фр­ли­те пог­лед“ и да пог­лед­не­те как­ва бо­ја има ва­ша­та урина.

Имено, воз­рас­ни­те лу­ѓе од сво­јот ор­га­ни­зам, на днев­на ос­но­ва ис­фрла­ат око­лу 2 лит­ри урина, а ова ко­ли­чес­тво мо­же зна­чи­тел­но мно­гу да се зго­леми, до­кол­ку во те­кот на ед­но де­но­но­ќие сте ис­пи­ле по­го­ле­ма ко­ли­чи­на теч­ности.

Ури­на­та се сос­тои од 95 от­сто во­да а  нор­мал­на­та бо­ја ко­ја тре­ба да ја има е свет­ло жолта. Спо­ред док­то­рите, кол­ку по­мал­ку теч­ност пи­ете, тол­ку ва­ша­та ури­на ќе би­де по­темна. До­кол­ку за­бе­ле­жи­те де­ка ток­му во вак­ва сос­тој­ба е теч­нос­та ко­ја ја ис­фрла­те од ва­ше­то тело, вед­наш за­поч­не­те да пи­е­те по­го­ле­ма ко­ли­чи­на на вода. По не­кол­ку ча­сови, ва­ша­та ури­на ќе би­де по­светла. До­кол­ку не се слу­чи тоа, мо­же­би во ва­ши­от ор­га­ни­зам се слу­чу­ва неш­то непо­са­ку­ва­но од­нос­но тем­на­та бо­ја на ури­на­та мо­же­би е прв сигнал за од­ре­де­ни за­бо­лу­вања.

Тем­но­жол­та или зе­лен­кас­та урина

Ури­на­та ко­ја е по­стоја­но жолта, од­нос­но бо­ја­та е ре­чи­си порто­ка­ло­ва и тоа по­долг вре­мен­ски пе­риод, е први­от знак де­ка ва­ша­та сле­зин­ка или пак ва­ше­то жолчно ќе­се не ра­бо­тат она­ка ка­ко што треба, од­нос­но де­ка не си ја из­вршу­ва­ат при­род­на­та фун­кција. Про­ме­на­та на бо­ја­та на ури­ната, од­нос­но до­кол­ку има свет­ло зе­ле­на ни­јанса, тоа мо­же да би­де и први­от сим­птом де­ка има­те по­се­ри­оз­на ури­нар­на ин­фек­ци­ја и за да го ре­ши­те овој проб­лем, пред да ста­не мно­гу се­ри­о­зен, препо­рач­ли­во е вед­наш да се об­ра­ти­те на ле­кар и да по­ба­ра­те струч­но мис­лење, пред ва­ши­от здрав­ствен проб­лем до­пол­ни­тел­но да се ис­ком­пли­цира.

Од дру­га страна, пак, доб­ро е да зна­е­те и дека, про­ме­на­та на бо­ја­та на ури­ната, не мо­ра да би­де по­след­ица на од­ре­де­ни за­бо­лу­вања. Вак­ва­та про­ме­на мо­же да би­де и по­след­ица на кон­су­ми­ра­ње од­ре­де­ни сил­ни ле­кови, ка­ко што се ан­ти­деп­ре­си­вите.

Сос­тој­ба ко­ја јас­но ќе ви сигна­ли­зи­ра де­ка ра­бо­та­та на ва­ши­те буб­ре­зи е до­ве­де­на во пра­шање, до­ко­лу ис­фрла­те пе­нес­та урина, на­лик на ис­ту­рен сјај за ми­е­ње са­дови. До­кол­ку се нај­де­те во так­ва си­ту­а­ција, не че­кај­те ни­ту миг по­веќе. Вед­наш оде­те на ле­кар.

Вни­ма­вај­те што ја­дете

До­кол­ку по­долг вре­мен­ски пе­ри­од за­бе­ле­жу­ва­те де­ка ва­ша­та ури­на кон­ти­ну­и­ра­нио ја ме­ну­ва бо­јата, то­гаш прво­то пра­ша­ње кое тре­ба да си го по­с­тави­те е как­ви ви се об­ро­ците, од­нос­но од как­ви на­мир­ни­ци ви се сос­та­вени. До­кол­ку сте ја­де­ле бо­ро­винки, ва­ша­та ури­на мо­же да до­бие ви­о­ле­то­ва боја, а пак до­кол­ку ја­де­те цвекло, теч­нос­та што ја ис­фрла­те мо­же да до­бие ро­зо­ва боја.

Се­пак, до­кол­ку не­ма ра­зум­на при­чи­на за по­стоја­на­та про­ме­на на бо­ја­та на ури­ната, вед­наш по­се­те­те ле­кар, би­деј­ќи цр­ве­на­та бо­ја во ури­ната, мо­же да би­де крв што пак зна­чи де­ка вие има­те не­кое се­ри­оз­но за­бо­лу­вање. Ис­то­то ва­жи и до­кол­ку има­те цр­на урина, таа ви е си­гу­рен до­каз де­ка во ва­ше­то те­ло се раз­ви­ва­ат ту­мори.

Пок­рај бо­јата, ва­жен е и ми­ри­сот

Све­жа­та ури­на обич­но не­ма ни­ка­ков ми­рис, и тоа е та­ка са­мо не­кол­ку ми­нути, би­деј­ќи на тоа место, вед­наш за­поч­ну­ва­ат да се по­ја­ву­ва­ат од­ре­де­ни бак­те­рии кои за­поч­ну­ва­ат да ја разгра­ду­ва­ат и ду­ри то­гаш ис­фрле­на­та ури­на за­поч­ну­ва да ми­ри­са лошо.

Се­пак, по­ра­ди од­ре­де­на хра­на и ва­ша­та ури­на мо­же неп­ри­јат­но да ми­риса. Спо­ред док­то­рите, хра­на ко­ја мо­же да пре­диз­ви­ка лош ми­рис кај све­жа­та ури­на е лукот, кро­ми­дот и ди­њата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот