Речен вртлог повлече планинар во Калифорнија, спасен од минувачи (ВИДЕО)

На драматичната снимка објавена од калифорниските власти е фатен моментот како минувачи спасуваат 24-годишен маж, кој додека пешачел бил повлечен од речен вртлог во Калифорнија.

Планинарот го шетал подрачјето на „Ангелските водопади“ во округот Мадира, тој погрешно ја проценил брзината на реката и решил да премине низ неа, се вели во соопштението од Кабинетот на шерифот на округот Мадира.

-Струјата го совладала и го одвела во вител, кој го држел заробен“, соопшти полицијата, пренесува „Индипендент“.

Заглавен во вртлог

Неименуваното младо момче кое било заробено во вртлогот, е забележано од полицаец обучен за пребарување и спасување, кој вообичаено патролирал низ калифорниските автопати, а за време на  слободниот ден тој се шетал со своето семејство низ истата патека.

Брент Донли ги искористил прерамките од ранецот, ги исекол и ги врзал со мали гранчиња за да може жртвата да ги фати.

Во видеото, се гледа како Донли и другите минувачи се обидуваат да го спасат планинарот.

-Секоја секунда прелеваше огромна количина вода. Тешко е дури да се замисли, изјави Донли за АБЦ Њуз во неделата.

Планинарот е спасен, а се здобил со полесни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот