Рецепт за веганска мусака за почетници: Ќе станете вистински мајстор во кујна

Foto: PxHere

Традиционалната мусака обично содржи месо, а помалку е познато дека е еднакво вкусна и без месо. Мусаката подготвена на вегански начин сигурно ќе ве воодушеви, а ние ви претставуваме рецепт што многу ќе им олесни на почетниците во готвењето, но и на искусните домаќинки.

Состојки:

– 2 големи модри патлиџани, исечени на тенки кругови

– 2 големи компири, исечени на тенки кругови

– 1 грст спанаќ, измиен и исечкан

– 1 црвен кромид, ситно сечкан

– 3 чешниња лук, ситно сечкани

– 400 г излупени домати

– 2 лажици доматно пире

– 1 лажичка суво оригано

– 1 лажичка сув босилек

– маслиново масло

– сол и бибер по вкус

– 2 лажици брашно

– 2 шолји растително млеко (соја, бадем, кокос…)

– 1/2 шолја ладно цедено маслиново масло

– 1/4 лажичка морско оревче

– 1 шолја презла (по избор)

Подготовка:

Рерната загрејте ја рерната на 200 степени. Наредете ги круговите од модар патлиџан и компири во плех обложен со хартија за печење. Посипете ги со малку маслиново масло, сол и бибер по вкус. Печете ги околу 20 минути или додека не станат меки и златно кафеави.

Додека се печат патлиџаните и компирите, подгответе го сосот. Загрејте малку маслиново масло во тава, а потоа додајте црвен кромид и лук. Пржете додека кромидот не омекне, а потоа додајте ја доматната паста, доматното пире, ориганото, босилекот, солта и биберот по вкус. Гответе го сосот околу 10 минути на средна температура, додека не ја добие саканата густина.

Во друга тава направете го бешамел сосот. Загрејте го ладно цеденото маслиново масло, додајте го брашното и мешајте додека не порумени. Потоа полека додајте го растителното млеко со постојано мешање за да избегнете грутки. Гответе го сосот додека не се згусне, а потоа додајте го морското оревче и сол по вкус.

Кога ќе се испечат модрите патлиџани и компирите, намалете ја температурата на рерната на 180 степени. Во голем огноотпорен сад на дното ставете слој од компири, потоа слој модар патлиџан, па слој спанаќ, па сос од домати. Повторете ја оваа постапка додека не се потрошат сите состојки, завршувајќи со слој сос од домати.

Мусаката прелијте ја со бешамел сосот, а одозгора посипете ја презлата (по желба). Печете во загреана рерна околу 25-30 минути или додека мусаката не порумени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот