Рецепт на Дијана Иваноска за кремаста торта со малини: Овошен и многу освежителен десерт совршен за лето

Дијана Иваноска
Дијана Иваноска / Фото: Приватна архива

Животот навистина може да биде беспрекорно вкусен, а тоа го потврдува и Дијана Иваноска од Тетово, која со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување.

Дијана Иваноска ни подготви мини чискејк колачи со јагоди и бело чоколадо

Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

„Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната“, ни открива Дијана.

Оваа талентирана жена денес ни споделува рецепт за кремаста торта со малини.

„Кремаста, овошна и многу освежителна торта. Совршена за лето. Се надевам ќе ви се допадне исто колку и мене. Со вас ќе го споделам рецептот за цела количина. Јас правев една третина од количината. Место 3 теста, едно поделено на 3 ленти и една третина од кремовите“, вели таа.

Потребни состојки:

За кората:
– 7 белки
– 200 г шеќер
– 100 г мелени ореви
– 2 лажици брашно
(се печат 3 вакви теста)

За 1 крем:
– 21 жолчка
– 2 јајца
– 25 лажици шеќер
– 500 г путер
– 200 г шеќер во прав
– 300 г мелена плазма

За 2 крем:
– 400 мл слатка павлака
– 360 г кисела павлака
– 900 г малини

Дијана Иваноска
Дијана Иваноска / Фото: Приватна архива

Подготовка:

Загрејте ја рерната на температура од 180 степени Целзиусови. Изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот додека добиете цврст снег. Додајте ги оревите и брашното и измешајте полека. Ставете ја смесата во тавче за торта обложено со хартија за печење. Испечете 3 вакви теста.

За 1 крем:

Изматете ги жолчките и јајцата со шеќерот. Варете го кремот на пареа додека се згусне. Оставете го да се олади. Изматете го путерот со шеќерот во прав. Кога ќе се олади кремот, целосно спојте го со путерот убаво и додајте ја мелената плазма.

За 2 крем:

Изматете ја слатката павлака. Додајте ја киселата павлака и матете додека се спојат убаво. Редете ја тортата на следниов начин: Кора, крем со плазма, малини, бел крем. Одозгора декорирајте по желба. Оладете ја убаво тортата и уживајте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот