Реал Мадрид е решен да го продаде напаѓачот Јовиќ

Фото: twitter/RMOnly

Како што информира „Марка“, „кралевите“ се подготвени ова лето да се ослободат од услугите на српскиот интернационалец.

Лука Јовиќ се најде на насловната страница на шпанскиот весник, во која пишува „Јовиќ на продажба“, еден ден откако е соопштено дека се наоѓа во самоизолација, бидејќи беше во контакт со својот пријател кој е заразен со коронавирус.

Србинот дојде на „Сантјаго Бернабеу“ минатото лето од Ајнтрахт за 60 милиони евра и од него се очекуваше да биде алтернатива за Карим Бензема.

Статистиката вели дека запиша вкупно 25 натпревари, од кои на осум беше стартер, а за 770 минути реализираше два голови – пишува „Марка“.

Јовиќ се најде во центарот на вниманието на шпанската спортска јавност и во април, кога во Србија беше казнет поради кршење на правилата за самоизолација, а подоцна беше снимен како на базенот се забавува со друштво во моментите кога во Шпанија беа забранети собирите.

Од претходно се шпекулира дека можно е играчот да се пресели во редовите на Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот